| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена првата книга со критики за американската улога во современа Македонија

Поранешниот македонски амбасадор и висок функционер во Министерството за надворешни работи, Ристо Никовски, ја издаде својата најнова книга „Улогата на САД во македонските голготи од 1991 до 2013“.

Авторот, кој е активен во јавноста на теми поврзани со надворешната политика на Македонија и кој ја поседува највредната архива за спорот за името со Грција, во книгата го анализира периодот од независноста на земјата до денес низ призмата на низа настани во кои биле инволвирани американски претставници.

Книгата, која може да се најде во сите поголеми книжарници, содржи низа критики за, според авторот, често негативната улога која ја имала американската администрација кон за Македонија важни теми поврзани со спорот за името, конфликтот во 2001 година и други настани кои се случиле во последните 22 години.

Книгата е првиот случај на остра критика кон начинот на кој Вашингтон се однесувал кон Македонија.

Авторот Ристо Никовски и претходно неколку пати јавно проговори за дволичниот однос што го имале САД кон Македонија, при што сугерираше и протерување на американските дипломати кои ѝ нанесувале штета на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top