| четврток, 6 декември 2018 |

Во Венецуела формирана државна агенција за среќа

Властите во Венецуела формирале државна агенција за постигнување среќа, објавија вчера медиумите. Претседателот Николас Мадуро изјавил дека задачата на оваа агенција е да се достигне највисокото ниво на социјална среќа со што ќе се координираат сите програми, а првичната идеја била на поранешниот претседател на државата Хого Чавес, кој имал намера на овој начин да ја ублажи сиромаштијата во земјата.

На друштвената мрежа Твитер веднаш се појавија саркастичните коментари во врска со формирањето на оваа агенција во Венецуела. Меѓу коментарите се и оние како на пример, како може толку богата земја со нафта да пати од хронична сиромаштија. Исто така предлог на „твитерашите“ е и државата да формира Државна агенција за пиво, бидејќи тоа би ги усреќило жителите. Телевизискиот новинар Леополдо Кастиљо кој до неодамна имаше емисија на една од телевизиите во земјата, остана без термин за истата поради критики на идејата за  формирање агенција за среќа, нарекувајќи ја оваа одлука на државата како „меѓународен срам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top