Германскиот Бундестаг на 18-ти ноември на посебна седница ќе расправа за американското шпиунирање, соопшти денес еден портпарол од пратеничкиот клуб на демохристијаните, пренесоа германските медиуми, објави „А1.он“
Тие наведоа дека активностите на американската известувачка служба НСА, која е осомничена дека ја шпиунирала и самата канцеларка Ангела Меркел, ќе биде една од двете точки на дневниот ред.
За оваа посебна седница се договориле претседателите на пратеничките клубови на демохритијаните, Волкер Каудер и социјалдемократите, Франк Валтер Штајнмајер, на барање на опозициските партии Зелени и Левица.
Сознанието дека американците ја шпиунирале Меркел предизвика огорченост во Берлин, а мнозинство Германци сакаат американскиот претседател Барак Обама да се извини, покажа анкетата на Емнид инсистутот, според која дури 76 проценти граѓани очекуваат таков чекор од шефот на Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.