| четврток, 6 декември 2018 |

Виолета Дума ќе ја предводи ДИК?

виолета думаСе очекува наскоро СДСМ да го обзнани новиот предлог за местото претседател на ДИК откако Борис Кондарко се повлече од лични причини. Деновиве се очекува Собранието да го рапише огласот за нов функционер. Засега од различни извори се наведуваат повеќе имиња од опозицијата за можни наследници на Кондарко.

Меѓу нив е и Виолета Дума, поранешен судија од Апелациски суд, а веќе две години член на ДИК. Како кандидат се споменува и партискиот портпарол Петре Шилегов, адвокат, како и Игор Милев, адвокат и  кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш.

Професорката Рената Десковска ја одбила понудената функција, како и адвокатот Ангел Солев, кој, пак, посакал да биде предложен за член на ДИК на местото на Виолета Дума, ако Дума биде избрана за претседателка на ДИК.

.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top