| четврток, 6 декември 2018 |

Кај нас ниту една пресуда, а 60 отсто од жените се жртви на сексуален мобинг

MOBING

Во македонските судови има постапки по тужби за мобинг, но сѐ уште нема донесено правосилна судска одлука. Многумина сметаат дека имаат доволно причини да поднесат тужба за мобинг, но се плашат да го сторат тоа. Голем е и бројот на случаи за сексуален мобинг. Стравот и несигурноста се главните причини поради кои, главно жените, не се осудуваат судски да бараат правда за сексуалниот мобинг. И тоа не е проблем само во Македонија.

Според истражувањата на  американската правна компанија “Слатер&Гордон”, спроведено на повеќе од 1600 испитаници околу 60 отсто од жените доживеале некој облик на сексуално вознемирување на работното место, а за 21 отсто од нив таквиот облик на мобинг е постојана појава. Кај мажите овој процент е нешто понизок –  40 отсто од мажите, иако кај жените е значително почест и повеќе станува збор за непримерни коментарни отколку физички контакт.

 Кога велат сексуален мобинг луѓето најчесто зборуваат за непримерни дописи и изјави, а поретко за уцени – сексуална услуга за задржување на работното место. Злоставувачите најчесто се на водечките позиции, а главно се оженети мажи во 50-те години од животот. Повеќе од една третина од жените доживеале непријатни коментари на сметка на своите гради, сексуалниот живот, задникот или гардеробата која ја носат. А, секоја шеста се бранела од колега кој се обидел да ја бакне.

Истражувачите велат дека е изненадувачки, но и загрижувачки фактот што сексуалното злоставување е раширено до таа мерка што тоа станало општо прифатено на работното место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top