| четврток, 6 декември 2018 |

Насилните видеоигри влијаеле на напаѓачот од Минхен

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезијер изјави дека насилните видео игри влијаеле на тинејџерот кој вчера во Минхен уби деветмина луѓе и на крај се самоуби. Нападот не е поврзан со Исламската држава.

– Големиот број игри на интернет кои го слават насилството без сомнеж оставиле трага на извршителот на нападот – изјави Де Мезијер по состанокот со безбедносните сили на сојузната влада каде што се разговарало за убиствениот поход на 18-годишникот во главниот град на Баварија.

Освен тоа, постоеле и индиции дека 18-годишниот Али Давид Сонболи, син на доселеници од Иран, бил жртва на мобинг во училиште.

Претходно, медиумите објавија дека тој бил опседнат со масовни убиства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top