Сопругот се враќа во 5 часот наутро. Се обидува шпионски да ја отклучи вратата, но штом влегува во ходникот го пречекува сопругата. Налактена на сандачето за чевли, со лут поглед и растреперен глас го прашува:
-Кај си до сеа бе Трпе, апаш еден! Нели ќе си доеш до дванес! Башка, ај шо си ѓон пијан и копаш на ракија од километар, ти се меша мирисот со женски парфем, говедо едно расипано швалерско! И од авион ти се глеаторозевиот кармин на крагњата од кошуљата, биљмезеден! Децата немаат кондурчињаза у школо, а ти по ороспии ги трошиш парите, копук!
И додека госпоѓа Трпана потресена развикува по ходникот и го гаѓа со влечки и што ќе и стигне до рака, пијаниот Трпе се созема, икнува двапати, прави важна фаца и со сериозен тон и свикува:
-Хик! Хик! Жено, ај не пењави и не ме гњави, не ми прај МОБИНГ тука со прашањава ма!
Свикува, паѓа по два чекора, едвај станува потпирајќи се на количката за бебе и со горда фаца заминува достоинствено да блуе во тоалетот. Жената, соочена со сериозното обвинување од мажот, фатена во безизлезна ситуација, останува занемена и без одговор, се собира полека, ги брише солзите и со лутина во гласот свикува:
-Ех, Катице, Катице, боље беше дури читаше, вака не заеба, не уби сите! Ебатимобингот, ебати…
Скршена од мака и без одговор на најновиот изговор кој влезе во мода и почна го практикува секој во државата, Трпана си легнува и со тага се сеќава дека утрото го добила истиот одговор за мобингод ќерката која трет ден по ред не сакала да замине во градинка, па не можејќи да ја праша зошто не сака да оди, морала да ја остави да спие. Кога синот се вратил од училиште со две единици, а таа го прашала зошто не учи, ја замолкнал со мобинг. Исто било и вчера кога дошол целиот истепан. И на работа, кога го прашала шефот зошто ја тера да работи три часа прекувремено, го добила идентичниот одговор. Крај бил одговорот на возачот во ЈСП, кој откако не и вратил кусур од стотка, а таа го запрашала каде се 65 денари, остро и се свртил и одговорил:
-Еј жено, ај не ми прај МОБИНГ! луѓе чекаат зад тебе, симни се ако неќеш да се возиш, ама МОБИНГ не ми прај!
И така, полека но сигурно, Македонија стана ендемска држава во која веќе никој ништо и никого не прашува. Благодарение на кого? Упс, извинете што ви правиме МОБИНГ…
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.