| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Во СДСМ не знаат кој ги води

Stevce-Jakimovski-top-740x320СДСМ во својата општа конфузија не знае ништо друго да каже освен да се служи со лаги- вели Стевче Јакимовски по обвинувања од советничката на СДСМ, Магдалена Несторовска.
-Во моменти кога СДСМ не знае кој, всушност, ја води партијата, дали е тоа Зоран Заев, дали Радмила Шеќеринска, дали пратениците или Бранко Црвенковски, нивната советничка група одлучува да држи конференција за печат и тоа преку најнекредибилната личност, Магдалена Несторовска. Истата советничка која во Општината доаѓа со „кампањола“, службено возило на Министерството за одбрана, во момент кога половина од нејзините другари од МО се со кривични пријави, таа „држи лекции“ за наводни долгови и несовесно работење. Ако ја интересира каде се парите од продажбата на старото училиште „Братство“, старата општинска зграда, нека прошета низ општината, нека ги види градинките „Пролет“ во Козле  и во Влае, нека ја види изградбата на новата фасада на зградата на улицата Никола Парапунов и дузина други инфраструктурни зафати кои се во тек- додава Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top