| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров на средби на престижниот универзитет Колумбија

Никола Тодоров, македонскиот министер за здравство  ја почна својата посета на САД со средби на престижниот универзитет Колумбија во Њујорк каде што предава и професорот со македонско потекло Горазд Росоклија. Целта е да се разгледаат можностите за испраќање на македонски лекари специјалисти на обука во овој  врвен америкнски универзитет.

Целта на посетата е оваа соработка да се прошири и да се забрза испраќањето на македонски лекари во САД. Од Министерството за здравство најавуваат дека проектот за полесно испраќање на македонските лекари на обука во САД е еден од највисоките приоритети на министерството.

По Њујорк, предвидено е министерот Тодоров да ги посети и Детроит, Хјустон, Вашингтон, Сиетл и Лос Анџелес. Целта на овие посети е утврдување или потпишување на меморандуми за соработка со универзитетски болници, со што ќе се овозможи престој и обука на македонски лекари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top