| четврток, 6 декември 2018 |

Па­три­о­ти­зам или евтин по­пу­ли­зам?

nenad mircevski2

„На­ши­от став по ос­но­ва на ова пра­ша­ње се­ко­гаш јас­но го ка­жу­ва­ме, да­ли тоа би­ло при­фат­ли­во или не, име ва­кво, ’Гор­на‘, ’Се­вер­на‘ или слич­но за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, за нас е не­при­фат­ли­во“.

Па­три­от­ски­от на­стап на ли­де­рот на СДСМ кај по­ве­ќе­ми­на оста­ви впе­ча­ток де­ка по­ве­ќе е по­че­ток на из­бор­на кам­па­ња, откол­ку се­ри­оз­на на­ме­ра за про­ме­на на пар­ти­ски­от став во од­нос на ма­ке­дон­ска­та по­зи­ци­ја во спо­рот за име­то. Впе­ча­то­кот де­ка, мо­же­би, ре­ак­ци­ја­та е за­доц­не­та се до­би­ва по­ра­ди ни­за­та из­ја­ви на ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та во из­ми­на­ти­от пер­и­од, кои грч­ка­та стра­на ги иско­ри­сти за зац­вр­сту­ва­ње на сво­и­те по­зи­ции, кои во исто вре­ме им на­не­соа ште­та на ма­ке­дон­ски­те по­зи­ции во спо­рот за име­то.

Но, пред по­те­гот да се осу­ди ка­ко не­се­ри­оз­на и за­доц­не­та ре­ак­ци­ја, по­пу­ли­зам, или, пак, да се ка­же де­ка ста­ну­ва збор за ими­ти­ра­ње на ВМРО-ДПМНЕ, мо­ра да приз­на­е­ме де­ка е до­бро и до­маш­на­та и ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност да чу­јат де­ка си­те Ма­ке­дон­ци се единс­тве­ни по пра­ша­ње­то за име­то, не­што на што ве­ќе по­долг пер­и­од апе­ли­ра­ме и ние ка­ко ме­ди­ум. Впро­чем, за да се фор­ми­ра на­ци­о­нал­на стра­те­ги­ја по овој проб­лем, ко­ја, си­те се сог­ла­су­ва­ме де­ка ни е по­ве­ќе од по­треб­на, не­оп­ход­но е не­кој да го про­ме­ни прет­ход­ни­от став. Па, от­ту­ка, по­до­бро да по­стиг­не­ме единс­тво не­ко­гаш, откол­ку ни­ко­гаш. За­тоа, по­те­гот на ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та би мо­же­ле да го поз­дра­ви­ме и да го оце­ни­ме ка­ко праг­ма­ти­чен и во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те, но са­мо под ус­лов ако ста­ну­ва збор за искрен став на опо­зи­ци­ја­та, кој не­ма да го зло­у­по­тре­би за пре­диз­бор­на кам­па­ња, на кој ќе оста­не дос­лед­на и по из­бо­ри­те, а осо­бе­но ко­га би се вра­ти­ла на власт.

Но, за да се убе­ди јав­но­ста де­ка овој пат За­ев и опо­зи­ци­ја­та ја при­фа­ти­ја ре­ал­но­ста и вол­ја­та на мно­зинс­тво­то ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни во од­нос на ова пра­ша­ње, по­треб­но е мно­гу по­ве­ќе од дек­ла­ра­тив­но огра­ду­ва­ње од не­кои не­при­стој­ни пред­ло­зи и па­три­от­ско из­јас­ну­ва­ње за за­чу­ву­ва­ње на име­то.

Гле­дај­ќи во ми­на­то­то, тоа ќе би­де ѓа­вол­ски те­шко.

Кој ќе му по­ве­ру­ва на За­ев во ре­ше­но­ста цвр­сто да го бра­ни име­то, ко­га исти­от тој пред из­вес­но вре­ме збо­ру­ва­ше за „сви­тка­ни кич­ми“?

Кој ќе по­ве­ру­ва во па­три­о­тиз­мот на За­ев ко­га са­мо еден ме­сец по ло­кал­ни­те из­бо­ри се огра­ди од ко­а­ли­ци­ја­та на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во Стру­га и во Ки­че­во образ­ло­жу­вај­ќи де­ка не би­ло во при­ро­да­та на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те да игра­ат на па­три­о­ти­зам?

Кој ќе по­ве­ру­ва во нив­на­та ста­бил­ност ко­га до­се­га не­кол­ку па­ти го про­ме­ни­ја ста­вот за ова пра­ша­ње?

Да­ли се ра­бо­ти за стра­те­ги­ја на СДСМ, ко­ја ќе би­де дол­го­роч­на и ста­бил­на, а не­ма да за­ви­си од те­шки мо­мен­ти и жел­ба да се свр­ти пра­ве­цот по кој оди пар­ти­ја­та? До­кол­ку СДСМ е цвр­сто ре­ше­на до крај да ги бра­ни на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си и ко­га еден ден ќе по­бе­ди на из­бо­ри то­гаш ќе ја има под­др­шка­та и на „Ре­пуб­ли­ка“, но, во исто вре­ме, тре­ба да зна­ат де­ка ако се ра­бо­ти за евтин по­пу­ли­зам со кој до­се­га не­маа ус­пех и од кој ќе се отка­жат вед­наш штом ќе дој­дат на власт, то­гаш има­ат се­ри­о­зен проб­лем, не со ме­ди­у­ми­те, ту­ку со на­ро­дот, кој, без сом­неж, ќе знае да ја про­це­ни искре­но­ста.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top