| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе пронајдено мртво во куфер

Тело на бебе старо еден месец било пронајдено во патна торба на подрачјето на Крагујевац. Според соопштението од полицијата, бебето во патната торба денес го пронашла бабата, откако по долго отсуство нејзината ќерка се вратила дома. Бабата била изненадена кога ја отворила патната торба за да ги извади алиштата на својата ќерка. Го видела мртвото бебе, по што нејзиниот сопруг веднаш повикал полиција. Полицијата спровела ситрага според која мајката се породила пред еден месец.

По наредба на Истражен судија наредена е обдукција врз телото на едномесечното бебе. Се уште не се познати причините за смртта на бебето. По извештајот од обдукцијата и собраните докази, против мајката ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top