| четврток, 6 декември 2018 |

Мицов е најдобриот тенисер во Македонија

Стеван Мицов по втор пат во кариерата ја освои титулата најдобар тенисер во Македонија

micov500

Членот на клубот МТП од Скопје во финалето на Државното првенство во тенис, што изминативе денови се одржа на терените на ТК Југ, го совлада домашниот натпреварувач Шендрит Деари со 3-0 во сетови.

Израмнета борба се водеше во првиот и во третиот сет, во кои Мицов славеше со 6-4, додека во вториот сет го декласира противникот дозволувајќи му да освои само еден гем.

Мицов првата титула првак на Македонија во тенис ја освои во 2011 година. Нова државна првенка кај жените е Магдалена Стоилковска (ТК АС). Таа во финалето ја совлада Тања Стојановска од ТК Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top