Освојувачот на 17 НБА титули ЛА Лејкерс сè уште не победил во новата 2013 година. Најновиот неуспех е доживеан во Сан Антонио со 108-103, но иако се чини неизвесно, треба да се нагласи дека Спарс цело време беа во водство за кое најзаслужен е Тони Паркер со 24 поени. Најефикасен на мечот беше Коби Брајант со 27 коша, а солидни партии кај поразените имаа и Ворлд Пис со 27 и особено резервниот центар Клерк, кој заврши со 22 поена и 13 скока, но Лејкерс не допреа до Сан Антонио бидејќи во ротацијата имаа повеќе квалитет, особено што кај гостите го немаше главниот центарски тандем Хауард-Гасол.
Од предходната ноќ на НБА за издвојување се уште неколку моменти. ЛА Клиперс останува лидер во лигата (28-8) по домашната победа против Далас од 99-93 за која тимот на Вини дел Негро направи пресврт во последната четвртина, Оклахома на рутина ја доби Минесота со 106-84 и остана втора (27-8), Брендон Џенингс со 35 поена му донесе триумф на Милвоки кај Чикаго со 104-96, а Кајл Ирвин имаше 33 коша за да слави со Кливленд над Атланта од 99-83.
Еве ги и другите резултати:
Бостон – Феникс 87:79
Торонто – Филаделфија 90:72
Шарлот – Јута 102:112
Њу Орлеанс – Хјустон 88:79
Денвер – Орландо 108:105
Голден Стејт – Мемфис 87:94.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


