Комитетот на ВМРО – ДПМНЕ во Охрид е демолиран, искршени се влезната врата и прозрците. СВР – Охрид врши увид, јави Охрид1, каде објавуваат дека врз комитетот се фрлани камења. Полицијата ги обезбедила видео снимките од сигурносните камери кои се поставени на Центарот за социјални работи кој е во непосредна близина на комитетот, а на кои најверојатно е снимен нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.