| четврток, 6 декември 2018 |

Кралот од Мадрид ја матираше дамата од Торино

Реал Мадрид го доби дербито на колото во Лигата на шампионите против Јувентус, Златан Ибрахимовиќ се разгоропади во Брисел и постигна покер голови во победата на Пари Сен Жермен од 5-0, а германскиот двоец Баерн и Баер постигнаа дури 9 гола заедно против Плзењ, односно Шахтар, без примен погодок.

Кристијано Роналдо постигна два гола во првото полувреме за „кралевите“ од Мадрид, против „старата дама“ од Торино Јувентус, што беше доволно за славје на Реал Мадрид. Погодокот за гостите истотака во првиот дел го даде Љоренте. Ова беше 15 меѓусебна пресметка на двата гиганти и осма победа на Реал Мадрид.

Ибрахимовиќ одигра симултанка во Брисел против Андерлехт и со 4 кола е најефикасен играч на колото, а еден гол постигна Кавани. Во Минхен „петарда“ прими Плзењ од актуелниот шампион на Европа Баерн. Рибери на двапати, Алаба, Швајнштајгер и Геце по еднаш ја тресеа мрежата на чешкиот претставник.

Голеада имаше и во Леверкузен, а Баер го декласира Шахтар со 4-0. Кислинг постигна два гола, а по еднаш прецизни беа Ролфес и Сем.

Манчестер јунајтед се намачи со Реал Сосиедад, а клучен за успех на тимот од Англија беше автоголот на Мартинез во втората минута, со кој „црвените ѓаволи“ победија со 1-0.

Во Лисабон на тежок терен полн со вода Бенфика и Олимпијакос ги поделија бодовите со реми од 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top