| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер сити подобар од ЦСКА во Москва

Со двата гола на Кун Агуеро, Манчестер сити ја надомести негативата од 0-1 во Москва и славеше победа против ЦСКА во премиерниот меч од вечерашната програма во Лигата на шампионите. Зоран Тошиќ со погодок во 32 минута најави дека бодовите ќе останат во Русија, но аргентинскиот ас на Сити, Агуеро не дозволи Манлестер да си замине без цел плен. Во 34 и 42 минута напаѓачот на гостите стрелаше прецизно и донесе значајна победа во директната пресметка за пласман понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top