Спектакуларен меч е најавен во Мадрид од 20,45 вечерва, а на мегдан на „Сантјаго Бернабеу“ ќе излезат Реал и Јувентус. Европска класика и дуел меѓу шпанскиот крал и старата дама од Торино. Едно од најголемите и најдолговечни ривалства меѓу два клуба од две различни земји. Досега играа 14 пати меѓусебе и билансот е израмнет и двете екипи имаат по 7 победи, едната од нив на Јувентус по продолженија.
Дербито вечерва ќе биде во знакот на двата долговечни голмани на Реал и Јувентус, Касилјас и Буфон. Икони на двата клуба тие треба да бидат на препознатливо ниво за успех на својот тим.
Во останатите натпревари вечерва од 20,45 часот ќе играат: Андерлехт – ПСЖ, Баерн – Плзењ, Бенфика – Олимпјакос, Галатасарај – ФК Копенхаген, Баер – Шахтар, Манчестер јунајтед – Реал Сосиедад. Во тек е мечот во Москва меѓу ЦСКА и Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


