| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен станот на сестрата на Јованка Броз

Крадците го искористле денот кога почина правата дама на некогашната СФРЈ, Јованка Броз, и веднаш го ограбиле станот на нејзината сестра.

На 20-ти октомври, непознати лица упаднале во станот на  Загорка Алексиќ, користејќи го моментот кога со сигурност знаеле дека нема да биде дома. Таа не сакала да изјави што украле крадците, ниту пак сакала да искоментира нешто за смртта на нејзината сестра.

– Не можам да зборувам. Скршена сум, оставете ме на мир – изјавила преку интерфонот Загорка Алексиќ, на барањето за изјава на српските новинари.

Другата сестра на Јованка Броз, Нада Будисављевиќ, веднаш ја заменила влезната врата со нова и побезбедна, бидејќи била сериозно исплашена од кражбата во станот на нејзината сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top