| четврток, 6 декември 2018 |

Данокот за становите останува 5 отсто

Стапката на ДДВ за станови останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 годинa- рече Тевдовски.

Продолжување на важењето на повластената стапка на ДДВ за прв промет на стан побараа градежниците. Тие посочија дека враќањето на повисоката стапка од 18 отсто ќе ги поскапи становите за најмалку 13 отсто, што би го намалило прометот за 2 до 3 пати, а би се намалил и приливот во државната каса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top