| четврток, 6 декември 2018 |

Магичен рекорд на Серена Вилијамс, во 2013 година веќе заработи 10 милиони долари

Петра Квитова го доби дербито на стартот од шампионатот на ВТА во Истанбул против Агњешка Радванска, а победата од 6-4, 6-4 е реванш со полна мера за ланскиот пораз на истиот турнир во истата рунда.

radvanska

Тоа беше третиот меч од првиот ден на завршниот турнир во сезоната кај дамите, а победи забележаа и двете најдоброрангирани светски тенисерки, Серена Вилијамс и Викторија Азаренка. Вилијамс ја декласира Анжелик Кербер со 6-3, 6-1 и со победата ја мина магичната граница од 10 милиони долари заработка со настапи на ВТА турнири во период од една година. Ако ја освои титулата на ВТА шампионатот во Истанбул без пораз, тогаш Серена ќе ја заврши сезоната со спечалени 12 милиони долари. Досегашниот рекорд е во сопственост на Азаренка, која лани ја заврши годината со „ќар“ од 7,92 милиони долари. Белорусинката на премиерата од завршниот турнир на осумтте најдобри тенисерки ја победи Сара Ерани со 7-6,6-2.

Наградниот фонд на шампионатот е 6 милиони долари, а трофејот го брани Серена Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top