Петра Квитова го доби дербито на стартот од шампионатот на ВТА во Истанбул против Агњешка Радванска, а победата од 6-4, 6-4 е реванш со полна мера за ланскиот пораз на истиот турнир во истата рунда.
Тоа беше третиот меч од првиот ден на завршниот турнир во сезоната кај дамите, а победи забележаа и двете најдоброрангирани светски тенисерки, Серена Вилијамс и Викторија Азаренка. Вилијамс ја декласира Анжелик Кербер со 6-3, 6-1 и со победата ја мина магичната граница од 10 милиони долари заработка со настапи на ВТА турнири во период од една година. Ако ја освои титулата на ВТА шампионатот во Истанбул без пораз, тогаш Серена ќе ја заврши сезоната со спечалени 12 милиони долари. Досегашниот рекорд е во сопственост на Азаренка, која лани ја заврши годината со „ќар“ од 7,92 милиони долари. Белорусинката на премиерата од завршниот турнир на осумтте најдобри тенисерки ја победи Сара Ерани со 7-6,6-2.
Наградниот фонд на шампионатот е 6 милиони долари, а трофејот го брани Серена Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



