По неколку електронски снимки кои можат да се најдат на стриминг-сајтовите, амбиенталниот артист „Амплитуд ефект“ го издава своето прво цеде. Албумот со наслов „BLOSSOM“ претставува 50-то продолжение од тековната OLDCAST серија составена од снимки на негови живи импровизации. Тоа претставува апстрактно патување во кое се испреплетуваат психоделичната гитара, снимките од природа и замаглените вокали, создавајќи долги медитативни, хипнотички делници. Иако албумот е поделен на неколку делови, се работи за едно парче, рефлексија на времето кое одминало, замрзнато на овие звучни фотографии.
Албумот ќе биде претставен со импровизациска сесија во живо, на која покрај Amplidyne Effect (гитара, синтизајзер, програмирање) ќе учествуваат и Марко Куцуловски (виолина), Тони Димитров (елкектроника, теренски снимки) и Соња Димитриоска (флејта). На промоцијата, која ќе се одржи во City Jazz Club MOJO, в четврток, на 24 Октомври 2013, ќе може да се набави и самиот албум.
„Амплитуд ефект“ е мултимедијален проект на Мартин Георгиевски, кој експериментира со гитара, сајзери и ефекти, создавајќи комбинации и споеви кои варираат од амбиент, дрон и експериментална електроника, сѐ до пост-рок и ноиз-рок. Постои од 2009 година и досега има работено на бројни импровизациски сесии и концерти со артисти од Македонија, Швајцарија, Аргентина, Америка и Англија.
На албумот учествуваат: Мартин Георгиевски – гитара, синтизајзер, програмирање, Тони Димитров – елкектроника, теренски снимки, Брајан Александер – гитара, Мелиса Бломберг – синтизајзер, елкектроника и Саше Пуцковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.