| четврток, 6 декември 2018 |

Бошко Ѓуровски пик број 1 на ФФМ за селекторската позиција

Легендата на македонскиот фудбал Бошко Ѓуровски е пик број 1 за нов селектор на нашата репрезентација. Во прв план за Фудбалската федерација на Македонија е новиот кормилар да биде Македонец, а најсериозен кандидат е токму Бошко Ѓуровски.

Поранешниот фудбалер на Сервет и на Црвена звезда, родум од тетовското село Жилче, моментно му е помошник на Драган Стојковиќ-Пикси во јапонскиот тим Нагоја. Ѓуровски има солидно искуство и како прв тренер, а работеше во Сервет, Раднички Обреновац, Рад и во Црвена звезда.

Првичниот контакт меѓу челниците на ФФМ и Ѓуровски е остварен, а останува во периодот што следува кандидатот за селектор да понуди програма за работа. Изборот за нов кормилар на македонската репрезентација треба да се случи што поскоро, во пресрет на новите квалификации за пласман на Европското првенство во Франција 2016 година.

На 23 февруари во Ница ќе има ждрепка по која ќе се знае составот на групите за ЕП, на кое ќе играат 24 репрезентации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top