| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар со првите проблеми, се повреди Пино

Француската ракометна репрезентативка Алисон Пино, која е играч на женскиот ракометен клуб Вардар и е една од најдобрите играчи во светот, заработи повреда на подготовките за својата земја во рамките за квалификациските натпревари за Светско првенство (СП) против репрезентациите на Словачка и Финска. Според првичните информации, таа има поголем оток на зглобот на левата нога и, најверојатно, ќе ги пропушти претстојните натправари. По враќањето во Скопје ќе биде познато колку и дали ќе отсуствува од натпреварите во Лигата на шампионите за ЖРК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top