| четврток, 6 декември 2018 |

Лалакос: Се надевам спорот ќе се реши набрзо

Ќе има ли промена во односот на Грција кон Македонија кога се работи за спорот за името? Новиот грчки амбасадор во земјава, Теохарис Лалакос, изрази надеж дека прашањето за името скоро ќе се реши. Вели ќе биде пријателски расположен и ќе биде отворен за секого.

– Среќен сум што бев примен пред една недела од министерот за надворешни работи сега и од претседателот на собранието. Ќе се запознаам и со членовите на владата како и со претседателот на државата.  Овде дојдов со многу позитивен дух, отворен за соработка со секого во вашата земја, како официјален претставник на соседна земја – изјавиЛалакос, кој денеска оствари средба со претседателот на собранието Трајко Вељановски.

Оптимистичките изјави на Лалкос доаѓаат по последната рунда на преговори на медијатор Нимиц со Јолевски и Василакис во Њујорк. Нимиц од таму порачапозициите на двете страни се почисти, а преговорите ќе се интензивираат.  Според медијаторот процесот е конструктивен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top