| четврток, 6 декември 2018 |

Одбраната како швајцарско сирење, Металург се мачи со Динамо Минск

Најдобриот сегмент во играта на Металург, одбраната, не функционира на посакуваното ниво, а македонски0т вицешампион се мачи против Динамо Минск, иако со подобра игра во финишот на првиот дел замина на пауза со предност од 2 гола 20-18. Дарко Станиќ не беше во елемент, а гостинските крила Рутенка и Нинчевиќ погодуваа како од шега и заедно искомбинираа 9 погодоци по 30 минути игра.

Нервозата Станиќ ја искали на стручниот штаб и особено на тренерот Лино Червар, па имаше и квага на сред натпревар. Тоа како дополнително да ги мотивира ракометарите на Металург, па од 2 гола негатива 10-12 во 20 минута, направија пресврт и продолжуваат со позитива од два гола разлика.

Среќа што нападот на Металург функционираше одлично, па сепак со 20 погодоци за само 30 минути, беше анулирана лошата игра во дефанзива. Вугринец и Мојсоски постигтнаа по 4 гола, Атман, Георгиевски и Димовски по три пати ја погодија мрежата на Динамо за солидна позитива пред стартот на решавачките 30 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top