Зоран Талер, поранешникот европратеник и поранешен словенечки министер за одбрана, потврди дека против него се води истрага поради сомнение дека бил вмешан во корупциска афера додека бил член на Европскиот парламент. Талер изјавил дека неговата жалба против истрагата е отфрлена од страна на Окружниот суд во Љубљана. Судот води истрага дали како европратеник земал пари во замена за лобирање за одредени закони. Овој корупциски скандал изби во 2011 година кога новинари од британскиот весник „Сандеј тајмс“, претставувајќи се како лобисти, на Талер и на уште двајца европратеници им понудија по 100.000 евра за да лобираат за измени на европските закони. Тогаш пари им беа понудени и на Романецот Адријан Северин и Австриецот Ернест Штрасер, а нешто подоцна се утврди дека во скандалот е вмешан и шпанскиот европратеник Пабло Салба. Следуваа откази од европратенивците. Австриецот Штрасер во јануари годинава беше осуден на четири години затвор поради земање мито, а против Северин беше подигнато обвинение минатиот месец.
Талер тврди дека е невин. Тој за словенечкиот весник „Дело“ изјавува дека никогаш не земал пари за да лобира во ЕП, знаел дека новинарите го провоцираат, но сакал да истражува и затоа се сретнал со новинарите кои се претсатвиле како лобисти.
Според словенечките закони за коруптивен акт се смета и ветувањето за давање на поткуп, дури и во случај кога парите не се дадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Голем скандал го тресе светскиот фудбал пред СП: Познат судија фатен на дело како прима мито
-
Вработени во општина барале 10 ијлади евра мито од инвеститор за да му ја продолжат дозволата
-
Браво за СДСМ, и Африка стана подобра од Македонија!