Дрим-тимот на Вардарки се размавна, а настрада Подравка во салата „Борис Трајковски“, каде победникот е познат по само 30 минути игра. Домашниот тим води со огромни 18-7, во извонредна претстава на избраничките на Индира Кастратовиќ. Атрактивно, моќно, разиграно делувааат девојките во црвено-црни дресови, а неизвесноста експресно ја снема по само десетина минути игра. Подравка поведе со 2-1 и потоа следеше фуриозна серија на Вардар од 6-0, а разликата постојано растеше, до цели плус 13 во 20 минута, кога на семафорот стоеше 17-4 за домашниот тим.
Амандин Лејно брани извонредно и со 10 одбрани ги одбиваше нападите на Подравка. Комплетниот тим и во дефанзива и во офанзива играше одлично во првото полувреме. Јованка Радичевиќ со 6 гола е најефикасна по 30 минути, Андреа Лекиќ погоди 4 пати, но и асистираше прекрасно во неколку наврати. Сираба Дембеле постигна 3 погодоци, Ѓокиќ двапати ја тресеше мрежата на Подравка во супериорна игра на Вардар во првиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.