Документите со кои се посочува и покажува дека фирмите во сопственост на фамилијата Заеви уплатуваат минимални придонеси за повеќето свои вработени, беа обелоденети денес од страна на „Курир“.
Се работи за документи кои се однесуваат на вработените во фирмите „Ева Стајл“ и „Тргопродукт“ во сопственост на Славица Заева, снаа од брат на Зоран Заев, односно Убавка Заева, стрина на Зоран Заев.
Да биде скнадалот уште поголем, токму овие фирми во изминатиот период од медиумите беа посочувани како фирми кои добивале јавни набавки од Општина Струмица и нејзините институции. Дополнително, едната од овие две фирми, „Ева Стајл“, се појавува и како директен донатор на СДСМ, а синот на Убавка Заева, сопственик на фирмата „Тргопродукт“, добро познатиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев, пак, исто така, е директен финансиер на СДСМ.
Според документите, јасно се гледа дека уплатените придонеси се минимални, што, од друга страна, значи дека овие лица кога ќе заминат во пензија, ќе добиваат и најмал износ на пари во иднина.
Во фирмата „Тргопродукт“ во август 2013 година, дури 45 лица биле со бруто-плата под минималната основица за придонеси, а само 2 лица биле со бруто-плата над минималната основица.
Во фирмата „Ева Стајл“, исто така, дури 40 лица биле со бруто-плата под минималната основица за придонеси.
Извор Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



