Ве известувам дека денеска до Собранието на Република Македонија поднесов оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и во согласност со одредбите од Изборниот законик побарав на првата наредна седница да биде констатиран престанок на функцијата пред истекот на мандатот. Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оставката ја поднесувам поради лични причини, вели Кондарко во соопштението до медиумите.
Оставката доаѓа откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телевизиско интервју посочи дека се размислува за оставка на Кондарко, а како причина го наведе избирачкиот список. Според Заев, Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на избирачкиот список бидејќи во ДИК нема мнозинство.
– За какви неполитички тела зборуваат кога јавно кажуваат дека на претседателот на ДИК, тело кое во основа би требало да работи како незвисно, ќе му дадат задача кога да поднесе оставка, а кога не. Како што на времето, на поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, Бранко Црвенковски му даде налог да поднесе оставка – посочи премиерот Никола Груевски од трибината во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


