| четврток, 6 декември 2018 |

Аиво Орав и Пол Волерс во Тетово кај Али Ахмети

Извештајот на ЕК од Скопје патува за Тетово, каде амбасадорот на ЕУ, Орав ќе му го достави на Али Ахмети. Во Тетово се очекува и Американскиот амбасадор Волерс

ahmeti-volersЛидерот на ДУИ Али Ахмети денеска претпладне ќе се сретне со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, кој ќе го достави извештајот за напредокот на Македонија. На средбата која ќе се одржи во седиштето на ДУИ во Тетово, соговорниците ќе разговараат и околу актуелната политичка ситуација во земјава и предизвиците помеѓу извештајот и самитот на ЕУ во Декември.

Како што информираат од ДУИ, по средбата Ахмети – Орав, лидерот на ДУИ ќе се сретне со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, со кого ќе разговараат околу средбите на Ахмети во Брисел, Париз и Хаг, за извештајот на ЕУ како и за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top