| четврток, 6 декември 2018 |

„Шегобиецот“ Рој Хоџсон му се извини на Таунсенд

Откако неговата шега, во која спомена мајмун, крена големо внимание во англиската јавност, селекторот на гордиот Албион, Рој Хоџсон, им се извини на Андрос Таунсенд и на останатите темни фудбалери од националниот тим.

Тој им се извини поради шегата која ја употреби на полувремето од натпреварот против Полска во последното коло од квалификациите за Светското првенство.

Хоџсон за време на полувремето во соблекувалната се обиде да им објасни на своите играчи дека треба да му ја подаваат топката на Таунсенд, нарекувајќи го „мајмун“.

– Им се извинувам на сите кои можеби се навредија со она што го реков на полувремето од натпреварот. Навистина немав намера да кажам нешто навредливо. Веднаш потоа разговарав со Таунсенд и разјаснивме сѐ. Не ја сфати шегата на погрешен начин – рече Хоџсон.

Таунсенд на својот профил напиша дека не разбира зошто се кренала толкава прав околу целиот овој настан, велејќи дека селекторот не ни сакал да го навреди, а и не го направил тоа.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го искоментира настанот и оцени дека Хоџсон не направил ништо лошо и шегата што ја кажал била смешна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top