Бројните полски навивачи се повлекоа, се вратија дома од островската авантура иако има и такви што сѐ уште патуваат, но и некои кои останаа бидејќи беа уапсени, па престојот во Лондон си го продолжија за некое време затоа што не го почитувале законот.
Полицијата од метрополата соопшти дека 35 навивачи на гостинската репрезентација биле лишени од слобода, како и еден Англичанец, пренесоа тамошните медиуми.
Интересно е дека 16 лица биле уапсени само поради тоа што поседувале или палеле факели, шестмина поради преголема количина алкохол во крвта, а двајца поради поседување дрога. Останатите се нашле во билтенот на полицијата затоа што предизвикале тепачки.
Зад решетки заврши и најпознатиот престапник од вторникот, момчето Марцин Лукомски, кој во текот на натпреварот втрча на теренот. Тој на 6 ноември ќе мора да се појави на суд во Лондон каде што ќе одговара за овој прекршок.
Досега петнаесетмина од споменатите уапсени се пуштени и за нив нема да бидат преземени понатамошни мерки, деветмина останале во притвор, осуммина се опоменати, а тројца ќе мора да платат казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.