Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос денеска во Атина ќе оствари средба со бугарскиот министер за надворешни работи, Крстијан Вигенин.
Според најавите од бугарското МНР, двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи и регионалната соработка, како и за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Ова значи дека тие сигурно ќе разговараат и за Македонија.
Грчкиот премиер Андонис Самарас, на почетокот од октомври, во Вашингтон изјави дека Албанија и Бугарија се на страната на Грција кога станува збор за спорот со уставното име на Македонија.
– Верувам дека, ако ги прашање моите колеги од Албанија или Бугарија, и тие веројатно ќе ви одговорат исто, дека непопустливоста лежи во Скопје, а не во Грција – рече тогаш Самарас.
Вигенин треба да оствари средба и со Самарас, претседателот Каролос Папуљас и со претседателот на Парламентот, Евангелос Мимаракис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.