Македонија под уставно име запишана во учебник од кој учат грчките средношколци. Како што објави Сител, станува збор за мапа што датира од периодот по Втората светска војна објавена во учебниците на грчките матуранти.
Во учебниците на грчките средношколци Македонија може да се сретне запишана под уставно и историско име. Под насловот „ШОК: Македонија наместо Скопје во книгите за трета година средно”, дел од грчките портали и блогови пишуваат: „На картата на 130-тата страница од книгата, Скопје е запишано како посебна држава – Македонија”, стои во текстовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.