| четврток, 6 декември 2018 |

Андонова како Меси и Роналдо, постигна два гола и двапати асистираше во меч од Лигата на шампионите

Германскиот шампион во женски фудбал Турбине Потсдам повторно го прегази МТК во меч од Лигата на шампионите, овојпат со 6-0, а македонската репрезентативка Наташа Андонова блескаше со два гола и две асистенции.

19-годишната негонтинчанка беше прецизна во 63 и 88 минута, а интересно е што само 120 секунди откако погодуваше имаше и по една асистенција до Горансон (65) и Нагасото (90).

Турбине Потсдам си обезбеди пласман во осминафиналето со вкупен резултат од 11 -0.

Андонова одигра одличен меч и беше меѓу најдобрите и во првиот дуел во Унгарија кога постигна еден гол.

Во следното коло фудбалерките на Турбине Потсдам ги чека тешка задача против Олимпик Лион, состав против кој играа две финалиња во 2010 и 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top