Минатиот викенд во Дубаи се отвори супермаркетот „Еуро Балкан шоп“ (EuroBalcan Shop), кој во својата понуда вклучува многу македонски производи. Ајварот, малиџаното и џемот од кајсија на „Дием“, ред производи на „Випро“, познатите корнишони на „Македонија“, пиперчињата со капер на „Агронова“ се само дел од македонските производи кои од минатиот викенд се продаваат во Дубаи, во новоотворениот супермаркет, јавува Вечер.
Ова е имено и прв ваков супермаркет на Блискиот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.