| четврток, 6 декември 2018 |

„Вселенска авантура“ на „Бимилк“ и на „Рамстор мол“

Стартуваше големата „Вселенска авантура“ на „Бимилк“ и на ТЦ „Рамстор“, наменета за сите деца на возраст од 6 до 12 години, кои на настанот ќе имаат можност да се забавуваат истовремено учејќи за вселената и откривајќи ги тајните на космосот.

Настанот, кој за првпат се организира во нашата земја, е поделен на три дела. Во првиот дел децата ќе имаат можност да учат за првиот човек кој стапнал на Месечината и да видат реплика од неговиот вселенски костим. Во вториот дел од настанот децата ќе носат роботски очила запознавајќи се со глетката на еден робот и ќе разговараат со нивниот водач за вселената. Третиот дел од настанот ќе им овозможи на децата да носат вселенски шлем и да се забавуваат во лунарниот дел од поставката.

За време на настанот сите деца ќе можат да се вклучат во наградната игра за најдобра астронаутска ракета изработена од пакување од битолско млеко со десет витамини од „Бимилк“. За најдобрите изработки се обезбедени вредни награди: Xbox kinect, iPad mini и телескоп. Со доделувањето на наградите на 31 октомври ќе се означи и крајот на вселенската авантура.

Bimilk 2

– Нашата цел е на интересен начин да ги приближиме здравите навики за редовно консумирање витаминско млеко кај најмладите, а воедно да ги едуцираме на еден невообичаен, интерактивен и, пред сè, забавен начин. За време на „Вселенската авантура“, децата ќе имаат можност да се забавуваат, да учат за достигнувањата на човекот во откривањето на тајните на космосот, да се натпреваруваат и освојуваат вредни награди. Битолското млеко со десет витамини е првото трајно млеко во Македонија препорачано од Здружението на педијатри, производ што е дизајниран да одговори на потребите на децата за правилен раст и развој. Оттука со радост се вклучуваме во сите настани во чиј фокус е доброто на децата – изјави Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер во „Бимилк“.

– Овој настан е уште еден начин да обезбедиме повеќе и поинтересни содржини на посетителите и потрошувачите на „Рамстор мол“. Целта на настанот е да овозможиме добра забава за најмладите воедно едуцирајќи ги за темата, која отсекогаш ја предизвикува детската љубопитност и ги развива детската креативност и имагинација – запознавањето на космосот – вели Џеладин Џули, директорот за развој и за инвестиции во ТЦ „Рамстор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top