Ноќеска во 1.10 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на бул. „Кирил и Методиј“, во близина на ТЦ „Рамстор“, непознато лице со шрафцигер во рака ги вознемирувало граѓаните.
Од страна на единицата „Алфа“ на местото на настанот пронајден бил повреден С.С. (44) од Скопје.
Од страна на лекар од Ургентниот центар констатирана му е тешка телесна повреда, истиот е во безсознание и се наоѓа во животна опасност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.