| четврток, 6 декември 2018 |

Уште два дена од „Garage sale“ во „Рамстор“! Проверете каде и колку има попуст на вашите омилени производи!

Garage Sale_Ramstore Mall_2017

Голем број посетители и гости, позитивна атмосфера, со многу забава и дружење е она што ги одбележува изминатите денови од големата сезонска Garage sale акција во трговскиот центар Рамстор Мол.

Сите оние кои не го посетиле Рамстор Мол, за среќа, имаат уште два дена да појдат до трговскиот центар и си го купат она што го посакуваaт или им е неопходно, сега и по намалена цена до 70 отсто. Garage sale акцијата завршува на 12. февруари.

Само за потсетување, таму може да најдете „Спрингфилт“ џемпери по цена од 597 денари, „Tом Тејлор“ палто за само 1599 денари или чизми од „Спорт М“ по намалена цена од 2345 денари. За понежниот пол има парфеми Bargello, три за 1200 денари, како и потпетици од „Адамс шус“ намалени од 3490 денари, а сега по цена од 2443 денари.

Ова е само дел од она што може да го најдете на попуст во продавниците на Рамстор Мол, вклучувајќи ги и намалените цени на прехранбените продукти од маркетот во самиот трговски. Од понудата на часовници, накит, книги, детска опрема и останати артикли има преголем избор на попусти, така што во наредните два дена ќе мора сами да одите и да проверите што најмногу ви прилега и ви одговара според личниот вкус и домашниот буџет.

Сите за попусти, а попусти за сите само во Рамстор Мол и Garage sale!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top