| четврток, 6 декември 2018 |

Робин Тики: „Blurred Lines“ е наменета за мојата сопруга

Хитот на летото „Blurred Lines“ од Робин Тики со своите стихови крена многу прав. Многу се прашуваа за кого се наменети, а сега, конечно, се знае одговорот на тоа прашање.

– Песната се работи за мојата сопруга – откри Робин Тики во интервју за „Би-Би-Си“.

36-годишниот пејач додаде дека песната ѝ ја посветил на неговата 37-годишна сопруга Паула Патон во чест на нивната 20-годишнина.

„Таа е мојата добра девојка“ е стихот од песната кој на „Јутјуб“ го слушнаа преку 200 милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top