Металург во „Блауграна“ претрпе катастрофален пораз од Барселона од 17-35, а мала утеха е изборот на ЕХФ, кој го вклучи голот на Никола Маркоски во најдобрите пет на третата рунда во Лигата на шампионите. Од зад грб младиот пикер на Металург на прекрасен начин ја затресе мрежата на домаќините. Видеото видете го тука.
Уште едно признание за македонскиот ракомет е изборот на Кирил Лазаров во најдобрата седморка на колото. На позицијата десен бек Кирил беше неприкосновен и ја наполни мрежата на голманите на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


