Силна експлозија утрово одекна во српскиот дел од Косовска Митровица. Во инцидентот нема повредени, а причинета е материјална штета.
Според српската национална телевизија РТС, бомбата експлодирала во станот на Небојша Мариќ, вработен во Управата за приходи, во моментот кога тој бил дома со неговата сопруга.
Експлозивната направа била поставена на прозорец од станот во приземјето на зградата во центарот на градот. Од силината на експлозијата е оштетено и возило паркирано во близина на станот, а предизвикана е материјална штета и во хотелот што се наоѓа од спротивната страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.