| четврток, 6 декември 2018 |

Галантен гест на Талант Душебаев, замина во соблекувалната да ги поздрави вардарци

Талант Душебаев направи галантен гест по мечот меѓу Вардар и Пари Сен Жермен и побара од своите домаќини, Драган Начевски и од дел од раководството на „црвено-црните“ да му овозможат да ги поздрави ракометарите во соблекувалната. Легендата на светскиот ракомет инсистираше да ги поздрави вардаровите јунаци меѓу кои беше и неговиот син Алекс Душебаев. Јуниорот тргна по стапките на својот славен татко и одигра брилијантен меч, постигнувајќи 5 гола за одлично реми на Вардар против ПСЖ од 24-24.

Талант Душебаев вечерва е специјален гостин на забавата во „Барбакан“ клубот во Скопје, но на разочарување на вардаровите симпатизери тој нема да биде новиот кормилар на македонскиот ракометен првак. Изборот падна на селекторот на Русија Олег Кулешов и тоа е речиси завршена работа, иако Талант беше прв пик на Сергеј Самсоненко. Се очекува рускиот селектор да го предводи Вардар веќе во четвртото коло од Лигата на шампионите на гостувањето во Швајцарија против Вакер Тун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top