| четврток, 6 декември 2018 |

Скајп телефонските повици за Македонија се најскапи во Европа

Компанијата ги посочува македонските телефонски оператори како одоговорни за ова затоа што ги билдаат цените

Skype1

Најпознатиот програм за чет, видео, аудио и телефонски повици во светот, Скајп, инаку сопственост на Мајкрософт, наплатува убедливо највисока тарифа за повици од Скајп кон обични телефонски линии за Македонија. Цената како што може да се види е фантастични 18,2 евроценти (11,2 денари) за минута разговор.

Со ваква баснословна цена блиску до Македонија е само Албанија, односно, цената за повик кон Албанија е 14,2 евроценти (8,75 денари) за минута. Кај скоро сите останати држави тарифата во просек се движи од 1,5 до 5 евроценти, односно е дури 4-пати поевтина отколку кон Македонија. Тарифите можат да се видат овде.

„Република“ се обрати со прашање до Скајп – зошто цените им се толку набилдани за Македонија?

Скајп ни достави одговор на нашето прашање, во кое практично ги обвинува македонските телефонски оператори за набилдани цени. Конкретно во нивниот одговор до „Република“ се вели:

– Ние постојано работиме со националните телефонски оператори за тие да ги намалат нивните цени, за да ние можеме тие заштеди да ги пренесеме на нашите потрошувачи – ни пиша Рамона Ц. (така е потписот) од одделот на Скајп за поддршка на корисниците.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top