| четврток, 6 декември 2018 |

По кавгите со судијата, Ноле пееше во соблекувалната

Novak1

 

По пласманот во финалето на Мастерсот во Шангај, вториот рекет во светот Новак Ѓоковиќ реши да ја прослави победата со својот тим со мала забава во соблекуавлната.

По нервозниот меч, во кој имаше на два пати дуел и со судијата, Ноле реши да се релаксира со музика во соблекувалната, во придружба на неговиот „бенд“.

Според фотографијата објавена на Твитер, покрај вокалистот Новак, во групата се и неговиот тренер Марјан Вајда на гитара, физиотератевтот Миљан Амановиќ е  на бас гитара, а кондициониот тренер Герхард како бубњар.

– Музиката е најдобар начин да се опуштите и забавувате, напиша Ѓоковиќ на својот Твитер профил.

Novak2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top