| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Боске ќе ја води Шпанија во нови походи

Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи соработката со најуспешниот селектор во историјата Висенте Дел Боске

del-boske-500

Шпанците сакаат Дел Боске да остане на клупата на „црвената фурија“ уште две години по завршувањето на мундијалот во Бразил следната година. Според информациите, договорот би требало да биде постигнат до крајот на оваа недела.

Во текот на квалификациите Дел Боске најави пензионирање по завршувањето на СП во Бразил, но, сепак, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Шпанија, Хорхе Перес, изјави дека немаат план Б и дека се одлучни во намерата да го убедат селекторот да остане.

– Дел Боске е наследство на шпанскиот фудбал. Не ја разгледувавме можноста за алтернативно решение на позицијата селектор. Дел Боске ќе биде со нас колку што тој ќе посака – вели Перес.

Новиот договор кој ќе му биде понуден на Дел Боске ќе трае до завршетокот на Европското првенство во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top