| четврток, 6 декември 2018 |

На пазарот со гас влегува „Мастер гаспром“

Gasovod postrojenje

На македонскиот пазар со гас влегува компанијата „Мастер гаспром“, македонска компанија со украински партнер.

Компанијата и официјално доби лиценца од Регулаторната комисија, а за своето функционирање достави и банкарска гаранција од 50 милиони евра. Од компанијата најавуваат дека со конкурентна цена и континуитет во испораката на гас ќе бидат избор број еден на македонските компании.

„Предноста на нашата компанија е што поради партнерските односи со украинска фирма што има големо искуство на пазарот со гас во Украина имаме можности да понудиме подобри услови од останатите компании во Македонија. Имаме склучено директен договор со „Гаспром“, а и мрежата за дистрибуција ќе ни овозможи непречено и континуирано снабдување со гас на компаниите“, тврдат од компанијата.

Од следната недела и официјално стартува компанијата и секој заинтересиран субјект ќе може да ги добие сите детали за начинот на работа на компанијата и условите за соработка, соопштуваат од компанијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top