Белгискиот репрезентативец во дресот на Манчестер Сити Винсент Компани, ќе мора да отсуствува од терените поради заработената повреда на бутниот мускул на натпреварот против Евертон во рамките од премиер лигата кој неговиот тим го победи со 3-1.
Компани се наоѓа во Белгија со своите сонародници кои се подготвуваат за престојните два квалификациски натпревари против селекциите на Хрватска и Велс. Лекарскиот тим на Белгија по извршените лекарски прегледи врз играчот соопштуваат дека повредата на играчот е сериозна и тој треба да отсустува четири недели од терените.
Покрај двата меча од квалификациите Компани ќе мора да отсуствува и од клубските обврски кои Манчестер Сити ги има во периодот по паузата за репрезентативни настапи. Сити го очекуваат натпревари против ЦСКА во рамките од Лигата на Шампионите и дербито во Премиер лигата на Англија против екипата на Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.