| четврток, 6 декември 2018 |

Колку килограми ќе зaгубиш, толку злато ќе добиеш

Мислите дека ова е шала? Оваа идеја би ги натерало многумина да се решат да загубат некој килограм.

Според истражувањето на Светската здравствена организација во 2009 на жителите на Соединетите Арапски Емирати им претела прекумерната телесна тежина.

Па така владата на Емирати дошла на идеја да го награди секој оној кој ќе успее да симне некој килограм, а наградата е еден грам злато за еден килограм.

Тројцата што ќе успеат да изгубат најмногу килограми ќе учествуваат во извлекување за наградата од 5.400 долари.

Султанот Ахмед Бин Сулејман, еден од поважните политичари ја пофали оваа идеја на владата на Емирати.

Би биле ли вие на диета поради злато?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top